Ракетни напади, целосен хаос, голем број загинати се дел од секојдневјето во Израел во последните години… Страшната ситуација на Блискиот Исток продолжува, а постојано се јавуваат луѓе од различна сфера кои раскажуваат за хоророт кој го почувствувале на своја кожа.

Еде од оние кои се јави е и познатиот кошаркар и поранешен НБА играч, Патрик Беверли. Тој пред неколку месеци потпиша за Хапоел од Тел Авив.

По се што се случи, тој се огласи и им порача на сите дека се е во ред со него и дека не е повреден.

  • Ви благодарам што ме прашавте. Безбедно сум. Љубов и мир, напиша американскиот кошаркар во објавата на Твитер. Неговата порака на социјалните мрежи не помина како што веројатно очекуваше.

Голем број луѓе оставија коментари и повеќето од нив беа негативни.

„Брате, сам си избра“, „Доброволно си отишол во воена зона, лудо е“, „Никому не му е грижа, никој не те праша“, „Нема мир за тебе“, „Си се продаде, никому не му е грижа“, гласеа дел од коментарите.

Беверли има 36 години и влезе во НБА во 2009 година кога Лос Анџелес Лејкерс го избраа како 42-ри пик. Сепак, таму не успеа да избори место, па реши да замине во Европа и пред да се врати во Америка играше за Днипро, Олимпијакос и Спартак Санкт Петербург. Што се однесува до најсилната лига во светот, тој играше за Хјустон, Клиперс, Минесота, Лејкерс, Чикаго, Филаделфија и Милвоки.