Жалната вест во сенка на бизарноста: Американски актер починал на 21 август годинава, а неговата ќерка ги дознала тажните вести дури вчера

225
Актерот Џон Ејмос почина на 21 август, а веста за неговата смрт беше објавена дури вчера.
Неговиот син Кели Кристофер ја откри тажната вест на платформата Х.
Ејмос почина на 84-годишна возраст.

Беше ѕвезда на серијата „Добри времиња“ и “Корените“.

И потоа приказната доби елементи на бизарност.
Неколку часа по објавата на Кели, ќерката на актерот, Шенон (58) откри на Инстаграм дека веста ја затекнала без зборови.

Ни таа не ни знаела дека нејзиниот татко е починат се до вчера.

„Нашето семејство ја прими трогателната вест дека татко ми починал на 21 август. Скршени сме и останавле со многу прашања во врска со тоа што се случило пред 45 дена, а за тоа дознавме од медиумите, како и многу од вас. Ова би требало да е време на оддавање ќест и воспевање на неговиот живот, но ние се бориме со бран на емоции и неизвеснот околку неговата смрт. Сепак, постои некој наводен мир во сознанието дека мојот татко е конечно слободен“, напиша Шенон.

Нејзиниот однос со татко ѝ имаше подеми и падови.

Џоон претходно ја имаше обвинето својата ќерка за злоупотреба на постарите.