Концерт на гудачкиот квартет „Атака“ на „47. Денови на македонска музика“

9

Во Камерната сала на македонската Филхармонија, вечерва, со почеток во 20 часот,  ќе се одржи последниот настан во рамките на манифестацијата „47. Денови на
македонска музика“ – концерт на гудачкиот квартет „Атака“.

Овој настан ќе биде единствена можност да се проследат дела од различни периоди и
стилови на македонската музичка мисла посветена на камерниот состав – гудачки квартет. Ќе бидат изведени делата на композиторите Валентина Велковска-Трајановска, Гоце Гавриловски, Филип Иванов и Академик Ристо Аврамовски. Гудачкиот квартет „Атака“ го сочинуваат младите, извонредни уметници: Ева Богоевска – виолина, Марија Трајковска – виолина, Илза Бафтиари – виола, Маја Михајловска – виолончело.

Фестивалот „47. Денови на македонска музика“ е во организација на Сојузот на композитори на Македонија, а се одржува под покровителство на Претседателот на Македонија, со поддршка на Министерство за култура.

Влезот на концертот е слободен.