Почна изградбата на пешачка патека од Волково до Орман

31

Нова пешачка патека почна да се гради од Волково до Орман, на територијата на општина Ѓорче Петров. Воедно, на овој потег се поставува и улично осветлување.

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека патеката ќе биде долга  1.800 метри и широка 1,4 метри, а целта е да се поврзе основното училиште „Јоаким Крчовски“ со село Орман и на тој начин да се реши децениски проблем од недостиг на безбедна зона за пешачење.

– Со оваа инвестиција, општината поставува и ново улично осветлување на патеката, со должина од над 1.400 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува 7.000.000 денари. Оваа иницијатива не само што ги заштитува учениците и жителите, туку и создава повеќе можности за спорт, рекреација и здрав живот – потенцираат од локалната самоуправа.

Според општинските власти изградбата на пешачката патека ќе овозможи значително подобрување на сообраќајната комуникација, а пешаците ќе уживаат во зголемена безбедност и удобност, особено во вечерните часови благодарение на новото осветлување.