Рускиот тенисер  Данил Медведев е еден од најдуховитите тенисери и кога губи. Токму таа карактеристика на својот карактер ја покажа по елиминацијата во Пекинг против Карлос Алкараз со 7:5, 6:3.

– Му кажав дека следниот пат кога ќе играм против него ќе си ја бојадисам косата во плаво (ќе станам русокос) – се пошегува на сметка на Шпанецот и својот сензационален пораз од Ван де Зандшулп во второто коло на САД Опен

– Можеби тоа може да помогне , затоа што навистина не видов како можам да го победам сега. Секако дека ова е шега, но следниот пат треба да пробам нешто ново, додаде Русинот и ги пофали Кинезите

-Секогаш се чувствувам одлично во Кина, многу ги сакам и чувствувам дека тоа е обострано – изјави тој по полуфиналниот пораз од Пекинг – Ова е едно од ретките места во светот каде што сум сакан.

Иако сè уште нема титула од мај минатата година во Рим, светскиот тенисер број пет вели дека е задоволен од настапот во кинеската престолнина:

– Има многу позитивни работи иако ми беше многу тешко. Карлос е многу тежок противник, многу е тешко да се игра против него кога е во форма. Од друга страна, задоволен сум бидејќи одиграв добро. Не се случува често да губам кога играм добро, но тоа може да се случи против најдобрите во светот. По Олимпијадата играв лошо, само на САД Опен и почнав да се подобрувам. Полуфиналето овде е чекор напред и се надевам дека ќе го продолжам тоа во Шангај.