Раководните лица на богатиот клуб од Саудиска Арабија, Ал Наср, се обидуваат на секаков можен начин да ја продолжат соработката со најдобриот фудбалер во нивниот клуб, Кристијано Роналдо. Португалскиот интернационалец на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, но неговиот агент веќе е информиран дека Ал Наср сака да му понуди нов 2-годишен договор.