Еден дел од германските медиуми ја пласираа и информацијата дека најтрофејниот клуб во Бундеслигата, Баерн (М), ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на првиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер. Бразилскиот интернационалец е дефиниран како наследник на ветеранот Мануел Нојер, а понудата за обештетувањето нема да биде помала од 50 мил. фунти.