Марија Захарова: Улогата на САД како миротворец го турна регионот на Блискиот Исток во колапс

149
EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека улогата на Соединетите Американски Држави како миротворец во палестинско-израелскиот конфликт уште еднаш го турна блискоисточниот регион на работ на колапс.

„Тие (САД) дојдоа со улогата на миротворец и таа улога сега повторно го турна овој регион на раб на колапс“, изјави Захарова за Радио Спутник.

Еден ден претходно, израелската војска на својот канал Телеграм објави дека ширум земјата се слушаат сирени за воздушен напад.