Бајден и нареди на американската војска да ги пресретне ракетите насочени кон Израел

979

Американскиот претседател Џо Бајден денеска и нареди на американската војска да му помогне на Израел да се одбрани од напад извршен од Иран и да собори ракети насочени кон Израел, објави Белата куќа.

Американскиот претседател и потпретседател Камала Харис, претседателски кандидат за изборите на 5 ноември, го следеше нападот од кризната соба во Белата куќа.

„Претседателот Бајден и нареди на американската војска да и помогне на Израел да се одбрани од иранските напади и да ги собори проектилите насочени кон Израел“, соопшти Белата куќа.

Поканата на Бајден до еврејските рабини пред почетокот на Рош Хашана, израелската новогодишна прослава, е одложена, изјави претставник на Белата куќа.

Неименуван американски воен претставник изјави дека американските сили се подготвени да му пружат „дополнителна одбранбена помош на Израел“. Тој ова го изјави по денешниот почеток на нападот на Иран врз Израел.

На 13 април, САД веќе му помогнаа на Израел да ги пресретне иранските проектили истрелани како одговор на нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, кој му се припишува на Израел.