УЖАС ВО ЦИРИХ: Напаѓач влетал во градинка и со нож ранил три деца, од кои едно потешко

613

Три деца се повредени, од кои едно потешко, откако маж со нож ги нападнал во градинка во швајцарскиот град Цирих.

Портпаролот на градската полиција изјави дека полицијата била известена за нападот нешто по пладне.

„На местото на настанот има најмалку шест до седум полициски автомобили. На плоштадот има и брза помош со неколку возила“, изјавил очевидец за локалните медиуми, а пренесува Би-би-си.

Портпаролот на градската полиција изјави дека 23-годишен Кинез нападнал група деца од градинка.

Вработен во градинка и случаен минувач успеале да го совладаат напаѓачот и да го задржат додека не дојде полицијата. Петгодишно момче се здобило со тешки физички повреди и во моментов е на болничко лекување.

Полицијата сѐ уште не го открива мотивот за нападот, кој се случил во близина на трговскиот центар Бернина во Оерликон, област северно од Цирих. Само додадоа дека истрагата продолжува.