Хезболах: Тврдењата на Израел дека неговите сили влегле во Либан се лажни

92

Тврдењата на Израел дека неговите сили влегле во Либан се лажни, рекол Хезболах за Ал Џезира.

Во изјавата се наведува дека немало директни судири меѓу нивните борци и израелските сили, но дека се подготвени за диреиктен судир.

Претходно денеска високо официјално лице од областа на безбедноста рече за Би-Би-Си дека израелските копнени сили не се оддалечиле многу од границата. И тој рече дека немало никакви судири.