Некоректно и нечовечки е 25.000 работници да примаат плата од 22.567 денари, смета Трендафилов

29

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска во изјава за медиумите истакна дека на 1-ви мај истакнале неколку барања, меѓу кои и барањето за зголемување на минималната плата.

„Сметаме дека 25 илјади работници кои примаат плата од 22.567 денари е некоректно, односно нечовечки да примаат како таква. Сметам дека 10 илјади работници кои примаат плата од 1 денар до 22.567 денари е кривично дело да го прават тоа работодавачите и сметаме дека доколку за да покриете една синдикална минимална кошница ви се потребни веќе три минимални плати, дека аргументите наши се издржани“, додава Трендафилов.

Тој претходно истакна дека Владата во првите 100 дена требало да седнат со нив на заедничка маса. Владата на Христијан Мицкоски во првите сто дена не го реализира покачувањето на минималната плата на 450 евра иако требаше да биде поставено како приоритет.

-Работниците не можат да покријат основни животни трошоци со минималната плата. За да се покрие една синдикална минимална кошничка, потребни се веќе три минимални плати. Делот за храна и пијалаци веќе достигна 23.000 денари, што значи дека една минимална плата не покрива ниту леб и вода,“ додаде тој.

Сојузот на синдикатите на Македонија чека состанок на Економско-социјалниот совет за да се разговара за зголемување на минималната плата, но таква седница не се одржала. ССМ ќе продолжи да ги поддржува сите синдикати во борбата за повисоки плати, истакна Трендафилов, додавајќи дека аргументите се на страната на работниците. „Ако очекуваат да ги разбереме, прво тие треба да нè разберат нас,“ рече тој.

 

Според него, аргументите се токму на страната на работниците.