Руси годинава купиле станови во Србија во вредност од 85 милиони евра

135

Руските граѓани предничат во купувањето станови и воопшто во купувањето недвижности во Србија, а тој тренд е продолжение од минатата година кога тие почнале со купување. Белграѓани велат дека во нивниот град цели населби се преполни со Руси, како на пример Дорќол, па почнале да ги викаат мала Москва.

Присуството на голем број Руси во Србија, особено во главниот град Белград, е сè повидливо, а го потврдуваат и информациите од пазарот на недвижности.

Продажбата на станови во Србија на Руси, годинава, е зголемена за 10 проценти, а според „Блумберг Адриа“, вкупната вредност на становите што тие ги купиле до средината на годинава е 85 милиони евра. Половина од продадените недвижности се во Белград, а дел од Русите купуваат станови и куќи и во Војводина, главно во Нови Сад и Суботица.

Ивана Штрбац, раководител на Одделот за проценка на недвижности на Републичкиот геодетски институт, изјави дека руските граѓани предничат во купувањето станови и воопшто во купувањето недвижности во Србија, а тој тренд е продолжение од минатата година, кога тие почнале со купување.

-Значи, во последните два квартала забележано е дури и зголемување на бројот на руски граѓани кои купуваат недвижен имот за повеќе од 10 отсто. Сепак, парите, односно вкупниот износ на прометот е нешто помал од истиот период минатата година, а во првите два квартала инвестирале вкупно 85 милиони евра во недвижности во Србија. Она што е многу интересно е што особено им е привлечен регионот Војводина, а се издвојуваат градовите Нови Сад и Суботица, каде што ги има многу, дури половина од нив, кои се одлучуваат да купат недвижен имот во регионот на Војводина, изјави Штрбац.

Таа додава дека Белград е секако интересен и во него се купуваат голем број станови.

-Нивната вредност е многу поголема, така што половина од парите што руските граѓани ги вложуваат во недвижности одат во градот Белград. Тие најчесто купуваат станови, куќи, а потоа гаражи, рече Штрбац.

Инаку, белграѓани велат дека во нивниот град цели населби се преполни со Руси, како на пример Дорќол, па почнале да ги викаат мала Москва.

Инаку, индексот на цените на недвижностите на Републичкиот геодетски завод покажа дека квадратот продолжува да поскапува со стапка од речиси пет проценти. Но, Белград повеќе не е лидер во овој раст.

-Во главниот град е забавена продажбата, пред се на становите во новоградба, а зголемен е интересот и за локации кои не се во центарот на градот, па затоа цената на недвижностите во периферните општини како Сурчин, Раковица, Ѕвездара се зголемува, изјавува Штрбац во интервју за Блумберг Адриа.

Квадрат стан во новоградба во Белград достигна просечна цена од 2.000 евра, а се движи и до 6.000-7.000 евра во зависност од локацијата. Инаку, Србија важи заапсолутен европски рекордер по скокот на цената на станбениот квадрат од 2023 до 2024 година, со раст од 82,66 отсто, на околу 3.721 евра.