Светски признати дипломи за академските граѓани, индекси за бруцошите

„Дипломите стекнати на Европскиот факултет се признаени во државата и целиот свет. Со стекнатите дипломи ќе можете да излезете на светскиот пазар на труд. Само со вистинско знаење може да се постигне успех и добри резултати. Ви посакувам да ги остварите вашите соништа и да бидете наша гордост, рече ректорката на Европски универзитет, проф. д-р Билјана Богдановска-Андреска, на свеченоста на Европски универзитет, на која беа доделени дипломите за завршено високо образование од прв и втор циклус на студии. Истовремено на Универзитетот се одржа прв академски час на новите бруцоши, а ректорката им ги додели првите индекси на новите студенти. Во чест на основачот на Европскиот универзитет, проф. д-р Бојо Андрески, Елица Андреска, од Управниот одбор на универзитетот, додели целосна стипендија за втор циклус студии за здравствен и фармацевтски менаџмент на Марија Милошевска, а во знак на целосна поддршка на лицата со посебни потреби како еднакви граѓани во општеството и нивното право на високо образование,  целосна стипендија за втор циклус едногодишни студии доби Вероника Љоровска од Факултетот за арт и дизајн

909

На Европски универзитет Скопје денеска свечено беа доделени дипломите на дипломираните и магистрираните студенти и беше одржан првиот академски час за бруцошите. Од Универзитетот им посакаа успех на дипломираните и магистрираните, како и добре дојде на новите студенти, на кои им беа доделени индекси за секој од факултетите. На свечениот чин им беше дадено признание диплома на оние кои изминатите 4-5 години беа дел од најстариот приватен универзитет во земјава, како и успех во студирањето на оние кои од вчера станаа академски граѓани.

-Горди сме. Голем е бројот на студенти кои одлучија токму тука да го сторат тоа, едноставно квалитетот во децениите наназад се препознава. Така ќе биде и во иднина, иако лидерот на високото образование, основачот на Европскиот универзитет проф. д-р Бојо Андрески физички не е тука, патот што го трасираше успешно се изодува од неговите наследници и вработени на Универзитетот. Европскиот универзитет го продолжува својот развоен пат со нови проекти и обезбедување просперитет како во земјата така и во странство, беше речено на свеченото доделување на дипломите на Европски универзитет.

Ректорот на Европски универзитет, проф. д-р Билјана Богдановска-Андреска им посака успех на дипломираните и успешен почеток на новите студенти. Во знак на целосна поддршка на лицата со посебни потреби како еднакви граѓани во општеството и нивното право на високо образование и додели целосна стипендија за втор циклус едногодишни студии на Вероника Љоровска од Факултетот за арт и дизајн.

-Останува нашата заложба да ви помогнеме ги остварите вашите соништа.  Вие донесовте вистинска одлука да студирате во современи и модерни услови, а нашите професори ќе бидат секогаш тука за да ви помогнат. Дипломите стекнати на Европскиот факултет се признаени во државата и целиот свет. Со стекнатите дипломи ќе можете да излезете на светскиот пазар на труд. Само со вистинско знаење може да се постигне успех и добри резултати. Ви посакувам да ги остварите вашите соништа и да бидете наша гордост, рече ректорката на Европски универзитет, проф. д-р Билјана Богдановска-Андреска, која им ги додели првите индекси на новите студенти.

Проректорот за настава, проф. д-р Александар Нацев, им честита на дипломираните и на новите студенти и рече дека ова претставува значаен чекор во нивниот понатамошниот личен и професионален развој. Тој им честита на дипломираните за успешно завршените студии, а на новите успешно изодување на патот до дипломите.

Во чест на основачот на Европскиот универзитет, проф. д-р Бојо Андрески, Елица Андреска од Управниот одбор на Универзитет додели целосна стипендија за втор циклус студии за здравствен и фармацевтски менаџмент на Марија Милошевска, вработена на Медицинскиот факултет во Скопје.

Европскиот универзитет, во знак на целосна поддршка на лицата со посебни потреби, како еднакви граѓани во општеството и нивното право на високо образование и додели целосна стипендија за втор циклус едногодишни студии на Вероника Љоровска од Факултетот за арт и дизајн.

Деканите на факултетите кои се во состав на Европскиот универзитет им ги доделија дипломите на дипломираните и магистрираните студенти и им посакаа успех во студирањето на новите студенти. Ќе направиме сè да ви обезбедиме услови за успешно студирање и ќе ви излеземе во пресрет на сите барања за успешно завршување на студиите. (А.С.)

Фото: Ѕ. ПЛАВЕВСКИ