Екс американски претседател Џими Картер слави 100 години: Се уште има политички амбиции?

83
EPA EFE ALEX BRANDON

Поранешниот претседател на САД, Џими Картер денеска наполни 100 години и стана првиот претседател кој го прославил тој роденден.

Картер беше претседател од 1977 до 1981 година, а во последните 19 месеци се наоѓа во болница во неговата родна држава Џорџија, пишува Би-Би-Си.

Поранешниот фармер, кој првпат влезе во политиката во 1960-тите како државен сенатор, „емотивно е ангажиран и сè уште има искуства, се смее и сака“, рече во септември неговиот внук Џејсон.

Според медиумите, овој стогодишник се уште има политички амбиции.

„Само се обидувам да гласам за (демократскиот претседателски кандидат) Камала Харис“ на ноемвриските избори, зборовите на Картер ги пренесе неговиот внук, пренесува Танјуг.