Учесниците ќе се соочат со различни физички пречки и предизвици

45

„OCR Кучково 2024“ е највозбудливиот настан што ќе се одржи на 27 октомври годинава, на територијата на Општина Ѓорче Петров.

Во рамките на OCR (Obstacle Course Racing), учесниците се соочуваат со различни физички пречки и предизвици, тестирајќи ги своите граници и издржливост.

– Општината ја поддржува организацијата на овој настан, со цел да се поттикне учеството на граѓаните и да се создаде уникатна спортска атмосфера. Сите заинтересирани можат да се приклучат како волонтери и да помогнат во организацијата, поддржувајќи ги натпреварувачите во нивните предизвици – соопштија од локалната самоуправа.