Француската полиција соопшти дека изминатиов викенд се случил грабеж во просториите на славниот тениски комплекс Ролан Гарос, каде што се игра еден од четирите грен-слем турнири.

Разбојниците влегле во просториите и украле готовина во вредност од единаесет илјади евра, како и скапоцен накит, кој е проценет на дваесетина илјади евра.

Полицијата интензивно работи на расчистување на случајот, а интересно е тоа што во моментот на грабежот не работеле дел од безбедносните камери. Француските медиуми пишуваат дека ова е втор ваков случај за само две години и дека минатиот пат просториите биле „олеснети“ за 50.000 евра и за неколку лаптоп-компјутери.