МВР: Полицајци поминувале наплатна рампа без да платат

Полицијата со кривична против 12 свои вработени

238

Полицајци поминувале наплатна рампа без да платат, полицијата и обвинителството за организиран криминал им поднесоа кривична пријава за злоупотреба на службата на 12 полицајци и уште 6 вработени на патарина.

МВР и Специјалното одделение на обвинителството за организиран криминал за гомнење на кривични дела сторени од полициски службеници кривично гони 12 полицајци и уште 6 вработени на патарината Романновце бидејќи од почетокот на годината по преходно направен список на полицајците од пријавата бесплатно им ја дигнале рампата вкупно 959 пати.

Полицајците го искористиле статусот и прибавиле материјална корист со неплаќање на билет за премин на наплатна станица Романовце на автопатот Куманово-Миладиновци и обратно со своите приватни возила-стои во соопштението на МВР.

Ако се знае дека патарината кај Романовце чини 60 денара за автомобил, тогаш според пријавата од обвинителството, полицајците од списокот го оштетиле буџетот за повеќе од 1800 евра.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, против полициските службеници ќе поднесе предлог  за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, дополнуваат во соопштението од МВР.