Почна зимското работно време

78

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ги известува сите граѓани дека од денеска почна зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои претпријатието стопанисува.

Работното веме во зоните А, Б и Ц од понеделник до петок ќе биде од 07:00 до 21:00 часот, додека во сабота од 07:00- 14:00 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто од 07:00 до 23:00 часот, од понеделник до сабота.

Од ЈП „Градски паркинг“ апелираат до корисниците да бидат внимателни и наплатата за паркинг услугата да ја извршат навремено и уредно, во согласност со работното време на паркиралиштата.