„Реал (М) е клуб на имигранти, а Винисиус е го*но од човек“

254
epa10131196 Real Madrid's striker Vinicius Junior celebrates after scoring the 1-3 goal during the Spanish LaLiga soccer match between Celta Vigo and Real Madrid held at Balaidos Stadium, in Vigo, northern Spain, 20 August 2022. EPA-EFE/Lavandeira

Реал (М) е трн во око на многу познати личности, а еден од нив е поранешниот претседател и сопственик на Валенсија, Пако Роиг, кој брутално го навреди „кралскиот клуб“.

Роиг, кој има 85-години, изјави дека Реал (М) е всушност клуб на имигранти и дека тој лично ги нарекува Реал Имигрант.

„Мадрид го нарекувам Реал имигрант. Имаат осум црнци, двајца бели странци и еден Шпанец, Карвахал“, изјави Пако Роиг.

Потоа, на тапет дојде и бразилскиот интернационалец Винисиус Јуниор, а навредата е повеќе од брутална и срамна.

„Винисиус можеби е одличен играч, навистина верувам дека е, но тој е гомно“, додаде Роиг.

Ова се навистина жестоки навреди кон Реал (М) и бразилскиот фудбалер и голем е бројот на тие кои не можат да поверуваат што успеа да каже Роиг во неколку реченици.

На овие зборови сигурно ќе има реакција од Мадрид, затоа што вакво нешто едноставно не може да се премолчи.

Пако Роиг беше на чело на Валенсија од 1994 до 1997 година, а најдобриот резултат „лилјаците“ со него го имаа во сезоната 1995/1996 година, кога тимот од „Местаља“ заврши како вицешампион на Шпанија зад Атлетико (М).

Роиг потоа му се врати на фудбалот во 2005 година кога купи акции во тимот на Херкулес. Очигледно, на 85-годишникот воопшто не му се допаѓаат работите во денешниот фудбал, а тоа го потврди и со изјавите за Реал (М).

Расизмот е честа тема во Шпанија изминатиов период бидејќи Винисиус Јуниор редовно е навредуван од противничките навивачи.

Токму на славната „Местаља“ во Валенсија Бразилецот ги доживеа најголемите навреди, каде се закани дека ќе го напушти теренот и постојано се расправаше со публиката.

Неколку навивачи на Валенсија беа засекогаш исфрлени од стадионот по тие навреди кон ѕвездата на Реал (М).