Монт Еверест е највисоката планина во светот со 8.848 метри, но таа продолжува да расте и секоја година станува се повисоко, тврдат кинеските научници од Универзитетот за геонауки во Пекинг, кои објавија најнова студија за овој аномален раст на планината во списанието Nature Geoscience.

И додека „Покривот на светот“ и остатокот од Хималаите продолжуваат незапирливо да воздивнуваат од моментот пред 50 милиони години кога индискиот потконтинент се судри со Евроазија, самиот Еверест се издигнува уште повеќе од очекуваното.

Научниците го припишуваат ова на спојувањето на два блиски речни системи.

Пред 89.000 години се споиле водните системи на реките Коси и Арун, по што Еверест растел годишно за 0,2 до 0,5 милиметри и досега пораснал за 15 до 50 метри.

Научникот Џин-Гео Даи, еден од водечките автори на студијата, го објаснува растот на Еверест со подигнувањето на копнената маса на Земјината кора кога тежината на површината се намалува.

Земјината кора, надворешната обвивка на нашата планета, всушност лебди на обвивка од жешка, полутечна карпа. Во овој случај, спојувањето на реките, поточно непријателско преземање, со оглед на тоа што Коси се спои со Арун поради промената на текот на реките во изминатите години, резултираше со забрзана ерозија која однесе огромна количина карпи и земја, со што се намалува тежината на областа околу Еверест.

„Кога тежок товар како мраз или еродирана карпа се отстранува од Земјината кора, земјата се крева, како кога бродот се превртува во водата откако ќе го растовараме товарот“, објаснува Даи.

Кога реката Арун се спои со друга блиска река, новиот тек го издлаби длабокиот кањон Арун. Новиот речен систем го издлабува кањонот, додека планината се издига до два милиметри годишно.

Колку повеќе речните системи се засекуваат, губењето на речниот материјал предизвикува планината да се издигне, додава Даи.

Коавторот на студијата и докторант Адам Смит, од Универзитетскиот колеџ во Лондон, истакнува дека од истиот геолошки процес имаат корист и Еверест и соседните , Макалу и Лоце, кои исто така се високи над 8.000 метри.