Светот се шокираше откако американскиот кошаркар Еј Џеј Грифин реши да стави крај на НБА кариерата на само 21 година. Причината за таквата одлука е тоа што сака да се посвети на религијата.

Еј Џеј Грифин беше избран како 16-ти пик на драфтот на НБА во 2016 година. Нему му предвидуваа многу добра кариера во најсилната кошаркарска лига во светот, но очигледно плановите му се сосема поинакви. Решил да го следи патот на Исус и целосно да му се посвети.

  • Се откажав од кошарката за да го следам Исус. Знам дека во очите на многумина тоа изгледа како загуба, но чувствувам дека откажувањето од кошарката ми дозволува да бидам целосно во служба на Господ и да му служам со сето мое срце, започна Грифин, па додаде:
  • Мислев дека кошарката е причината поради која живеам, но го запознав Бога и тој ми покажа дека сите сме создадени да го славиме. Сите сме создадени со причина, изјави Еј Џеј Грифин.

Еј Џеј Грифин одигра две професионални сезони во НБА. Тој го носеше дресот на Атланта Хокс и имаше просек од 7,5 поени по натпревар. Потоа беше трејдуван во Хјустон Рокетс ова лето, но најпосле стана слободен агент.

Сепак, тој не ни планирал да ја продолжи кариерата. Решил да се пензионира и ги шокираше сите со тоа што ја заврши кариерата на само 21 година.

Како дебитант потпиша договор вреден 17,1 милиони долари. Неговиот загарантиран потпис беше 7,2 милиони долари. Доволно заработи што не му е важно дали веќе игра кошарка. Инаку, Грифин е син на познатиот тренер и поранешен кошаркар Адријан Грифин, кој последен пат беше дел од клупата на Милвоки Бакс.