Американскиот кошаркар Стенли Џонсон летово реши да се испроба во Европа за првпат во кариерата, потпишуваќи договор со турскиот гигант Анадолу Ефес.
Затоа често ќе има дуели со Фенербахче, како во Евролигата така и во домашното првенство. Овој пат, истакна дека најмногу се плаши од сонародникот Хејс-Дејвис.
- Работам со неговиот личен тренер, го следам во текот на кариерата, па знам што правеше минатата година – изјави Џонсон за „Јурохапс“.
Поранешниот играч на Лос Анџелес лејкерс, Сан Антонио спарс, Торонто репторс и на Детроит пистонс погледна наназад, кога постави Хејс-Дејвис рекорд во Евролигата со 50 поени против Алба, минатата сезона.
- Воопшто не ме изненади. Ваквите игри зависат од некои фактори. За некој да постигне 50 поени, сè треба да биде како што треба, но знам дека Најџел има способност и потенцијал да го направи тоа на секој натпревар. Тој може да постигне 50 поени или да има 30+ кога сака. Мора да се подготвиме за да не ни се случи тоа кога играме против него – истакна Џонсон.
Фенербахче и Анадолу Ефес ќе ја имаат првата пресметка сезонава, во Купот на турскиот претседател, на 29 септември, а потоа ќе се соочат на натпревар од Евролигата, на 10 октомври.