Кошаркарскиот репрезентативец Ненад Димитријевски и неговиот тим Олимпија Милано претрпеа изненадувачки пораз на гости, кај Трст (84:78).

Клучен период во поразот на фаворитот беше вториот период, кој го добија домаќините со 26:18. Димитријевиќ, кој заедно со својот тим се закити со трофејот во Суперкупот на Италија, пред неколку дена, запиша само два поена на гостувањето кај Трст, а притоа дојде и до седум асистенции.

Никола Миротиќ и Зек Ледеј постигнаа по 18 поени за гостите, додека во победничкиот табор најдобар беше Рос со 22 коша.