Проф. д-р Марко Китевски, истражувач на македонскиот фолклор, е добитник на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на: Љупчо Каров, мултимедијален уметник; Владимир Темков, академски сликар; Јовица Михајловски, драмски актер и продуцент.

Одборот за доделување на ова државно признание на седницата одржана на 11. септември годинава донесе одлука за годинашни добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на РС Македонија.

Претседателка на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова-Грујовска. Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.