Арнолд желба на уште еден гигант

27

Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), доби сериозна конкуренција во германскиот гигант Баерн (М), кога е во прашање потписот на офанзивниот бек од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Тренд Александар Арнолд. Репрезентативецот на Англија на крајот од сезоната ќе има статус на слободен фудбалер, а тоа значи дека ќе може да си замине од „Енфилд“ без обештетување.