Денес го прославуваме празникот на мајките и ќерките: Ги одбележуваме светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

596

Последниот ден од септември во новиот календар на православната црква е посветен на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија.

Мајката им ги дала на своите ќерки овие имиња врз основа на доблестите што ги проповедал Исус Христос. Софија била вдовица и сама ги одгледала своите ќерки, Вера која имала 12 години, Нада (10) и Љубов (9).

Кога започнале апсењата на христијаните за време на царот Адријан, Софија и нејзините ќерки биле заробени и изведени пред царот. Откако одбиле да се откажат од својата вера и да и принесат жртви на божицата Артемида, Адријан наредил мачење на ќерките на Софија иако биле девојчиња.

Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.

Празникот е посветен на жените и нивните деца, првенствено ќерки.

Се верува дека девојчињата треба да ги израдувате со некој подарок, колку и да е тој скромен. Ќе биде доволно да им посветите внимание и да им покажете колку ги сакате.