Уапсен лихвар во Охрид

303

Денеска полициски службеници од СВР Охрид и од Одделот за крим полиција-Сектор за општ и насилен криминал  при МВР, по претходно издадена судска наредба, извршија три претреси во Охрид и од слобода лишија едно лице од Охрид.

Претресите се извршени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик и кривично дело „изнуда“ по член 258 од КЗ.

Се преземаат и дополнителни мерки и активности во координација со јавен обвинител, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.