УФЦ борачката Аилин Лусијана Перез (29) со провокативен танц ја прослави победата против Русинката Дарија Железнијакова (28) на борбата во Париз.

Веќе во првата рунда Аргентинката ја принуди Железнијакова да се предаде, откако ја фати за врат и со популарно „гушење“ дојде до голем триумф.
Откако Русинката даде знак да се прекине борбата, Перез стана и почна да тверка со задникот кон лицето на противничката.

Тверкањето е, да потсетиме, еден вид танцување на популарна музика на сексуално провокативен начин, па Аргентинката сакала дополнително да ја понижи својата ривалка.

Ова беше четврта последователна победа за ниската борачка (1,68 метри) во мешани борби, а нејзиниот рекорд во борбите на УФЦ сега изнесува 11-2.

Ден претходно таа се појави на мерењето и ги изненади сите. За време на мерењето, Аргентинката изгледаше болно, се тресеше, изгледаше многу исцрпена од слабеењето, поради што дојде под знак прашалник и самата борба. Сепак, на крајот Ајлин влезе во рингот и ја реши противничката.

Во главната борба на вечерта, Бразилецот Ренато „Пари“, Моикано, славеше против локалниот борец Беноа Сен Дени. Едностраната борба ја прекина докторот уште по втората рунда.