EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Еден од најдобрите ски-скокачи на денешницата, Камил Штох (37), се повреди на тренинг во Закопане. Полјакот заработи повреда на коленото и до крајот на оваа недела ќе биде подложен на тестови за да се утврди сериозноста на повредата.

Полскиот тим смета дека нема ништо опасно, туку дека ќе мора да има одреден период на опоравување.

Секако, ова не е добра вест за Штох, бидејќи секој пропуштен ден на тренинг, а да не зборуваме за една недела без тренинг во завршната фаза од подготовките, може да биде проблем.

Според пишувањата на медиумите во Полска, Штох треба да биде подготвен до почетокот на декември, што е и почеток на сезоната. Она што е многу важно за полските навивачи, Стох би можел да биде целосно фит за новогодишната турнеја во сезоната 2024/2025.

Новата сезона на Светскиот куп во ски скокови започнува на 23 ноември со натпреварувањето во Лилехамер.