Детална прогноза за есента и зимата: Кога ќе пристигне силен студ и снег?

Оваа зима би можела да биде најстудена во последните 10 години“, велат метеоролозите.

28820

По рекордните топли летни месеци во средината на септември, нè  зафати вистинско есенско време со нагло заладување и дожд. Српскиот метеоролог Иван Ристиќ и професорот Александар Ваљаревиќ од Географскиот факултет дадоа сезонска прогноза за есента и зимата, но објаснија и зошто кон средината на овој месец имавме нагла промена на времето.

Кон крајот на август и почетокот на септември имаше промена во циркулацијата на планетата Земја, се започна со невообичаени поплави во Сахара, прекин на создавање на ураганите на Атлантикот, иако океанот бележи рекордни температури откако се вршат мерењата. Во исто време, од временските карти исчезна исландскиот циклон, кој заедно со африканскиот антициклон владееше речиси 14 месеци и донесе рекордни температури на Балканот, кој беше меѓу најтоплите региони на планетата.

Оваа промена на циркулацијата доведе до навлегување на ладен арктички воздух во срцето на Европа, па така покрај големиот студ и снег на планините, поради обилните врнежи, поплави имаше речиси на сите реки кои имаат свои извори во Карпатите и Алпите. За среќа, немавме некои поголеми проблеми бидејќи не бевме во центарот на силниот циклон наречен Борис и релативно сме далеку од овие планински масиви – наведуваат двајцата метеоролози и додаваат дека атмосферските циркулации, односно нивните осцилации се главниот двигател на настаните на планетата во однос на временските услови, но и самата клима.

ДРАСТИЧНО ЗАЛАДУВАЊЕ: Во Европа почна да паѓа снег

Тие исто така објаснија дека во сезонската прогноза имале климатски модел користејќи го оригиналниот ГИС метод за телеконекција за анализа на атмосферските осцилации (АО) развиен од проф. д-р Ваљаревиќ.

Ова е нивната сезонска прогноза:

„Времето од октомври до крајот на февруари ќе биде под влијание на комбинацијата на Азорските Острови и сибирскиот антициклон. Помеѓу нив се отвора простор за повремени навлегувања на студен арктички воздух директно од Северниот пол, што ќе донесе пад на температурата и врнежи, а како што одминува времето дождот ќе биде заменет со снег. Според среднорочниот модел на ECMWF, евидентна е ориентација на кракот на поларниот вител кон нашиот континент, во чии рамки ќе има повремени упади на студен арктички воздух.

Почетокот на октомври со промена на сонцето и облачноста која може да донесе дожд ќе биде посвеж, со највисока температура меѓу 17 и 22 степени. Кон крајот на првата декада од октомври ќе има постепено стабилизирање на времето и зголемување на воздушниот притисок, така што ќе влеземе во таканареченото Михолско лето, период точно околу 12 октомври. Највисоката температура во тој период ќе има вредност околу 25 степени. Во втората половина на октомври и првата половина на ноември влегуваме во постуден период, а што се однесува до утринските температури кои ќе се движат од пет степени до десет степени и максималните кои ќе се движат меѓу 10 и 15 степени, на некои денови ќе биде магливо, особено во сливовите и долините на реките каде маглата може да се задржи во поголемиот дел од утрото. Исто така, во одредени денови ќе има врнежи од дожд, а на планините и снег“.

Прогноза за ноември

„Во втората половина на ноември со засилен продор на студен арктички воздух ќе има многу врнежи, главно дожд и снег на планините, појава на снег се очекува и кон крајот на ноември во пониските предели на југ. Најниските температури на крајот на ноември ќе бидат од -2 до пет степени, а максималните од три до осум степени“, се наведува во прогнозата и се додава:

„Во декември променливото време се повеќе ќе личи на вистинска зима. На почетокот и на средината на месецот две пократки затоплувања со максимални околу 10 степени како претходник на пристигнувањето на студен фронт кој ќе донесе снег во поголем дел од земјата и пад на температурата до нула степени. Кон крајот на декември ќе има создавање на снежна покривка, така што е одлична шанса по којзнае колку години да ја дочекаме новата година во вистински зимски амбиент со снежна покривка“.

Времето за првите два месеци од следната година

„Според досегашната прогноза јануари и февруари ќе бидат навистина зимски, повремено ќе врне снег, а највисоката дневна температура ќе се движи од нула до пет степени, минималната во некои денови и до -10 степени Целзиусови. Крајот на зимата и топењето пристигнуваат на крајот на февруари и почетокот на март. Се на се, оваа зима би можела да биде најстудена во последните 10 години“, велат метеоролозите.