Документарец за контроверзните „бели забави“ во подготовка: Фифти Сент открива зошто никогаш не бил на забавите на Диди – не сум за тие морничави работи

564
Фото: EPA-EFE/Balazs Mohai HUNGARY OUT

Раперот и продуцент Фифти Сент моментално работи на документарен филм со детали за наводните злосторства на Шон „Пи Диди“ Комбс, а неодамна откри зошто никогаш не присуствувал на неговите забави и покрај тоа што бил поканет.

Имено, по апсењето на Пи Диди, некои познати личности блиски до него ги избришаа своите профили на социјалните мрежи или ги забранија коментарите под нивните објави, што алудира дека тие би можеле да бидат поврзани со неговите озлогласени забави.

Сепак, од другата страна е Фифти Сент, кој јасно вели дека наскоро ќе се откријат деталите за случајот и дека поради тоа многу ѕвезди, кои присуствувале на таканаречените „Бели забави“ или како што Пи Диди ги нарече „забави со див секс“, ќе се најдат во фокусот на јавноста.

Бидејќи Фифти Сент и Пи Диди со години се во конфликт поради лични и деловни ситуации, раперот за The Enthusiast Podcast откри зошто никогаш не сакал да доаѓа на забавите, иако бил поканет неколку пати.

„Не одев на тие забави. Значи, многу познати личности кои не ги слушате да кажат ништо за овој случај, донекаде беа дел од тие забави. Едноставно не сум во тоа морничаво срање, како и сите работи што ги прави. Јас сум само малку повеќе, можеби може да се каже, едноставен или нормален“, рече Фифти Сент.