На влез во гевгелиското село Богородица во патничко возило „ауди“ се пронајдени 11 лица мигранти

35

На влез во гевгелиското село Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки вчера пронашле 11 лица мигранти.

МВР денеска осопшти дека вчера во 03.50 часот полицијата во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки пронашла 11 лица мигранти, од кои пет лица од Сирија и шест лица од Република Турција.

– Откако ги забележал полициските службеници, возачот на возилото го напуштил местото. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се појаснува во соопштението од МВР.