Дома МАКЕДОНИЈА Со изборот и прогласувањето на жетварската убавица за 2024 година, се отвори...

Со изборот и прогласувањето на жетварската убавица за 2024 година, се отвори 33-тото издание Денови на кочанскиот ориз“

108

Прва придружничка на жетварската убавица е Мартина Костадинова, а втора – Ивона Ефтимова. Признанијата на девојките им ги додели градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, а тие ќе учествуваат во претставувањето на обичајот зажнејување на ориз.

Отворањето на 33. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ продолжи со настапот на гитаристот Ненад Вржалски, а публиката уживаше на концертот на македонската поп-дива Каролина Гочева и во настапот на диџеј Ацко.

Претходно, на Споменикот на слободата, градоначалникот Папазов приреди прием за делегациите од Унгарија, Бугарија, Србија, Црна Гора и од домашните фолкорни ансамбли кои учествуваат на манифестацијата.

Во рамки на програмските содржини, за вечер е најавен голем меѓународен фолклорен концерт и поп-рок настап на Malinov Special Selection. За утре во 10:30 часот е планирано традиционалното заажнејување што ќе се одржи на земјоделските површини во атарот на селото Оризари. Потоа ќе следува културно-забавна програма во која ќе учествуваат ансамблот за изворна музика „Мелем“, оркестарот за народни инструменти при музичкото училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани и фолк-пејачот Дамјан Стојаноски.