Муцунски во Њујорк на неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЦЕИ

21

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Њујорк учествуваше на неформалниот состанок на Министрите на надворешни работи на Централната европска иницијатива (ЦЕИ), кој се одржа на маргините на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН.

Како што информираше министерот на неговиот Фејсбук профил, за време на состанокот, фокус бил ставен на проширувањето на Европската унија во новите геополитички околности, чии последици воедно се рефлектираат и меѓународната безбедност и стабилност.

-Во рамки на моето обраќање, истакнав дека регионалната соработка и унапредувањето на добрососедските односи се еден од основните столбови на надворешната политика на државата, како предуслов за непречен евоинтегративен пат и натамошна афирмација на земјата на меѓународната сцена, посочува Муцунски.

Министерот наведува дека одржувањето на вакви средби, претставува дополнителна можност за афирмација на целите и заложбите на оваа најстара регионална иницијатива во Европа, кои се инспирација за остварување на главните надворешно-политички приоритети на нејзините земји членки.