Лавров ги повика ОН да не се мешаат во „псевдомировните иницијативи“ во врска со Украина

25
EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го повика генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да не дозволи претставниците на таа организација да бидат вовлечени во „политизирани псевдомировни иницијативи“ во врска со Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Министерот уште еднаш ја истакна важноста од строго почитување на принципот на непристрасност на раководството и сите вработени во Секретаријатот на ОН“, соопшти руското Министерство за надворешни работи по средбата меѓу Лавров и Гутереш, пренесува ТАСС.

Покрај тоа, Лавров и Гутереш разговарале за актуелната геополитичка ситуација, вклучително и за ситуацијата на Блискиот Исток.