Силниот дожд ги поплави патиштата и ги затвори аеродромите во Флорида додека ураганот Хелена се движи кон американската сојузна држава, носејќи ја заканата од потенцијално смртоносна бура на поголемиот дел од брегот.
Невремето во четвртокот стана ураган од четврта категорија со ветрови од 135 милји на час, соопшти Националниот центар за урагани (NHC), и се очекува да продолжи да се засилува.
На Флорида е и Метју Хелер, чие видео стана хит на социјалните мрежи. Имено, тој објави видео како весла со кајак низ дневната соба, а покрај него лебдат мебел и растенија.
„Тоа беше мојот план за бегство ако работите тргнат наопаку. Имаме два кајаци. Не очекував дека ќе ми треба во дневната соба“, изјави тој за CNN.
@mattfromhornblasters.comHurricane Helen Tampa Florida Matt Heller from Hornblasters.com house flooding♬ Storm Coming – Once Monsters
Тој рече дека ова е најлошата поплава што ја доживеал.
Хелена е „еден од најголемите урагани во Мексиканскиот Залив овој век“, изјави експертот Мајкл Лоури.
Иако неколку урагани веќе ги погодија Соединетите Држави оваа година, вклучувајќи ги Берил и Деби, тие беа помалку моќни од Хелена кога стигнаа на копно.
Уште три сојузни држави, Џорџија, Тенеси и Јужна Каролина, исто така ќе ги почувствуваат последиците од овој ураган.