Најдобриот шпански тенисер во историјата Рафаел Надал ќе игра за својата земја во Дејвис купот, а неговиот помлад сонародник Карлос Алкараз се надева дека тоа нема да биде последен настап на Рафа за националниот тим.

Надал го најави своето учество на турнирот Топ 8 во Дејвис куп кој ќе се одржи од 19 до 24 ноември во Малага, Шпанија. Многумина веруваат дека тоа ќе биде и збогување на славниот Шпанец од репрезентацијата. Алкараз, кој играше двојки со Надал на Олимписките игри во Париз, е пресреќен што има можност повторно да игра со Рафа во тимот.

„Неверојатно е да се има Рафа во тимот. Се трудам да учам што е можно повеќе на теренот и надвор од него. Не сакам да верувам дека Малага е неговиот „последен танц“. Сакам да уживам во времето во кое можам поминуваат со него“.

Покрај Шпанија, за титулата во Дејвис купот ќе се борат Италија, Америка, Германија, Канада, Австралија, Аргентина и Холандија.