Рускиот тенисер Андреј Рубљов, во програма што ја емитува АТП, даде помалку чудна изјава за тоа како функционира тенисот. Тој му се обрати на еден малд тенисер и му рече дека би бил посреќен во првите 400 тенисери во светот, отколку кога ќе биде во ТОП – 10.

„Здраво, мој мал пријател. Се надевам дека сте дома и гледате цртани, ве контактирам затоа што можеби ќе ви дадам некој совет. Кога сте во ТОП – 400 во светот, ќе бидете посреќни отколку кога сте во првите 10 и имате се. Она што го научив е дека успехот нема да ве направи среќен, само вие можете да го направите тоа за себе“, рече Рубљов и додаде:

„Кога сте соочени со избор, слушајте се себеси и одберете што е правилно за вас. Тешките моменти не можат да се избегнат, но ако сте задоволни со себе, тие тешки моменти нема да влијаат многу на вас. Само од вас зависи дали сакате да промените нешто“.

Русинот долго време е без титула, најблиску беше на Мастерсот во Монтреал, каде во финалето беше поразен од Алекс Попирин, додека на САД Опен стигна до осминафиналето, кога Григор Димитров беше подобар по пет сета.