Пејачките Зорица и Гоца се навредуваат, а народот фаќа сеир: која е гуска, а која нема убави заби?

327

Кој не ги знае овие пејачки зад сцена, би требало да ги запознае токму поради нивното озборувачко однесување. А, народот ужива и сеир фаќа кога се расправаат тие две, дури и се навредуваат. Станува збор за популарните Гоца Лазаревиќ и Зорица Марковиќ. Неодамна, кога се изнервира Гоца на поставено новинарско прашање за учеството во реалното шоу „Задруга“, настана хаос.

– Што ме прашуваш, ти новинару? Покрај исконска песна каква што е „Видовдан“, јас да одам во реалното шоу “Задруга“!? – навредено одговори Гоца.

Но, приказната не прекинува тука. Нејзината колешка Зорица Марковиќ, која е добро позната по своите чести и впечатливи настапи токму во „Задруга“, дрско и многу луто реагираше на ваквите изјави.

– Гоца Лазаревиќ не е арна! Прво, нека си го смени забарот, бидејќи кога зборува, одвратно шушка. Нема убави заби, катастрофа ѝ се! Бедно за пејачка со таков хит. Второ, на ѕидовите дома да ја закачи сликата од Милутин Поповиќ-Захар, автор на „Видовдан“ и нејзин поранешен сопруг. Бидејќи тешко, Гоцо, дека ќе имаш уште еден таков мегахит во кариерата. Досега те нарекував кукавица, а отсега ќе те нарекувам со прекарот гуска за да престанеш да кажуваш глупости за популарното шоу „Задруга“ – изјави Зорица за својата колешка, воопшто не сакајќи да размислува за тоа дека, на ваков начин, многу ја навреди Гоца.