Оркестарот на Македонската филхармонија, на 26 септември, ќе гостува во Дубровник, Хрватска каде што ќе одржи концерт на сцената на „Кнежев двор“. Како солистка на овој концерт ќе настапи хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а диригент е маестро Бојан Цанев.

На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровачка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и оркестар во А-дур од В. А. Моцарт и Симфонијата бр. 5 во Бе-дур од Франц Шуберт.

Концертот на Македонската филхармонија во Дубровник се реализира како дел од годишната програмата на институцијата, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Џана Кариман е член на познатиот хрватски камерниот ансамбл „Загрепски солисти“ и концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар.