Во учебник по историја наместо Хитлер, фотографија од Чарли Чаплин – родители во Србија шокирани!

1074

Родителите на осмоодделенци во Србија останале запрепастени кога во учебникот по историја наместо Адолф Хитлер, кој се споменува во лекцијата, го виделе ликот на славниот Чарли Чаплин, пренесува Нова.рс.

Имено, во учебникот по историја за 8 одделение на издавачката куќа „Бигз школсто д.о.о“ на страниците 28-29 стои лекција со наслов „Европа, светот и српскиот народ во југословенската држава во периодот меѓу двете светски војни“. Во илустрацијата е користена сцена од филмот „Големиот диктатор“, во која Чаплин го толкува ликот на Адолф Хитлер.

Родителите кои забележале дека фигурата на германскиот диктатор е заменета со слика на Чарли Чаплин, биле шокирани и збунети.

На прашањето на новинарите, издавачката куќа објаснила зошто сцената од филмот е ставена во учебникот.

„Фотографијата што ја карактеризирате како „спорна“ е намерно и свесно поставена на воведните две страници од поглавјето на учебникот што го обработува периодот на историјата меѓу двете светски војни. Станува збор за секвенца од култниот филм „Големиот диктатор“ од 1940 година. Целта на фотографијата е да ги илустрира тенденциите во уметноста во меѓувоениот период, бидејќи темата на учебникот не е само политичка историја, туку и културата на ерата за која се зборува“, истакнува Бигз.