Се јави и најголемиот непријател на Златан

655
epa09967387 Milan's player Zlatan Ibrahimovic after winning the Italian Serie A championship's title after the Italian Serie A soccer match US Sassuolo vs AC Milan at Mapei Stadium in Reggio Emilia, Italy, 22 May 2022. EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Градската пресметка помеѓу вечните ривали во италијанската Серија А, Интер и Милан, заврши со минимален, но заслужен триумф на „росонерите“ од 2:1. Освен играчите, стручниот штаб и навивачите, големо задоволство од освоените три бода сигурно чувствува и клупската легенда на Милан, Златан Ибрахимовиќ.

Популарниот Ибракадабра работи како советник на компанијата РедБрд, која е сопственик на седумкратниот европски клупски шампион, а изминатата недела Златан беше вербално нападнат од хрватската легенда, Звонимир Бобан, кој изјави дека не знае што точно работи Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“.

Сосема очекувано Ибра експресно му врати на Бобан но неговиот поранешен соиграч од Интер, Марко Матераци, застана во одбрана на Хрватот. Матеераци и Ибрахимовиќ низ годините станаа најголеми непријатели, а често се навредуваат и преку медиумите.

Поранешниот стопер за италијанскиот весник „Газета дело спорт“ откри што мисли за Ибрахимовиќ.

„Да кажеме само дека овие зборови се дел од неговиот карактер. Единствено што можам да кажам како навивач на Интер е дека се надевам дека Паоло Малдини никогаш нема да се врати во клубот“, изјави 51-годишниот Матераци.

Мадини беше технички директор во Милан од 2019 до јуни 2023 година, но поради лошиот однос со сопствениците на калчо гигантот му беше покажана излезната врата од „Сан Сиро“.