Познатата нарко-мафијашка се прошета по модната писта/ВИДЕО

469

Ема Коронел (35), сопругата на мексиканскиот наркобос, Хоакин Ел Чапо Гузман, прошета по пистата на модната недела во Милано и предизвика бура од реакции.

Поранешната кралица на убавината, која се омажила за немилосрдниот нарко бос кога била само тинејџерка, носела венчаница за време на ревијата во обид да го обнови имиџот и да ја тргне сенката од нејзините картелски денови.

Коронел беше осудена на три години затвор во 2021 година, откако се изјасни за виновна за три точки од обвинението за помагање на нарко картелот на нејзиниот сопруг со седиште во Мексико, Синалоа, вклучително и заговор за перење пари и дистрибуција на нелегални дроги и вмешаност во финансиски афери.

Таа беше ослободена на 13 септември 2023 година, но нејзиниот сопруг отслужува доживотна затворска казна во Федералниот затвор Супермак во Колорадо.

Во неделата таа повторно влезе во светот на манекенството во драматична венчаница од модниот дизајнер Ејприл Блек Дајмонд.

Коронел се врати на социјалните мрежи откако излезе од затвор.

„Навистина верувам дека соништата се остваруваат кога се работи напорно и со срце“, напиша таа на Инстаграм.

Сепак, нејзините коментари предизвикаа бес на социјалните мрежи.

„Одвратно е да и даваат простор на една жена учесницичка во злосторствата што ги извршил нејзиниот сопруг и целиот картел чиј дел е и таа – гласи само еден од коментарите.

Нејзиниот сопруг Ел Чапо беше екстрадиран од Мексико во САД во 2017 година и осуден во 2019 година.

Остатокот од животот ќе го помине во затвор со максимална безбедност во Колорадо.