Јужна Африка: На аеродромот во Јоханесбург е уапсена жена со 68 капсули кокаин во стомакот со тежина од 850 грама

65
Жената е обвинета за шверц на наркотици откако рентгенските снимки откриле во нејзиниот стомак повеќе десетици капсули за кои полицијата верува дека се наполнети со кокаин, пренесува Скај њуз.
Откако полицијата примила дојава дека една жена се обидува да шверцува дрога на летот од Сао Паоло, 30-годишната патничка од Намибија е запрена и уапсена на меѓународниот аеродром во Јоханесбург.
Таа е десеттата личност уапсена на тој аеродром во последните два месеци под сомнеж дека шверцува дрога, изјавија полициските службеници, додавајќи дека минатата недела е уапсен Нигериец кој се соочува со слични обвинувања.