Биле потребни 16 години злочинот да излезе на виделина: Во Јужна Кореја е пронајдено е тело на жена зацементирана на балкон

77

Маж од Јужна Кореја признал дека ја убил својата девојка и го зацементирал нејзиното тело на балкон пред 16 години.

Педесетгодишен маж и рекол на локалната полиција дека удрил жена со тап предмет за време на расправија во стан во јужниот град Геоје. Потоа го ставил нејзиното тело во куфер кој го прекрил со слој цигли и цемент на балконот од станот во кој живееле.

Телото на жената било под цемент и тули до минатиот месец, кога сопственикot на станот наредил хидроизолациони работи, а го открил работник при бушење, јавуваат локалните медиуми.

Човекот кој ја убил жената не живеел во тој стан кога било пронајдено телото на жената, но набрзо бил пронајден и уапсен. На полицијата и рекол дека со убиената живеел пет години во гарсоњера во Геој пред да ја убие во 2008 година, пишува Би-би-си.

По убиството мажот продолжил да живее во тој стан уште осум години, а потоа бил уапсен поради дрога. Станот оттогаш е празен, а сопственикот го користел како складиште.

Исчезнувањето на жената, која во моментот на убиството имала триесет години, семејството го пријавило само три години по нејзината смрт. Наводно изгубиле контакт со неа, а кога дошле да ја бараат им било кажано дека раскинала со тогашното момче и го напуштила градот.

Полицијата соопшти дека ја продолжува истрагата.