Лула да Силва од Генералното собрание на ОН во Њујорк: Бразил и Кина предложија план за почеток на преговори меѓу Русија и Украина

230

Бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва денеска изјави дека Бразил и Кина предложиле план од шест точки за почеток на преговори меѓу Русија и Украина за да се стави крај на нивниот конфликт.

Во својот говор на отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации, тој исто така предупреди дека конфликтот во Газа „опасно“ се шири во Либан.

Лула да Силва изјави дека Латинска Америка и Африка се исклучени од Советот за безбедност, што е неприфатливо, пренесува Ројтерс.

Според него, Повелбата на Обединетите нации има потреба од широка ревизија.

Годишниот состанок на Генералното собрание на ОН завршува на 30 септември.