Хумани граѓани спасиле куче кое паднало во реката Вардар

152

По пријава дека куче паднало во реката Вардар, екипа на ЈП „Лајка“ излегла на терен во спасувачка мисија, но од нив побрзи биле хумани граѓани кои успеале пред нив да го извадат од водата.

Од ЈП „Лајка“ информираат дека кучето е однесено во прифатилиштето и ќе остане таму се до пронаоѓање на сопствениците и негово враќање.