Фитнес зони добиваат Хиподром, Инџиково и Стајковци

174

Во тек се градежни активности за изградба на три фитнес зони на територија на општина Гази Баба.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека фитнес зони се градат во Хиподром. во рамки на спортскиот центар на местото на поранешното ООУ „Вера Јоциќ“, во Стајковци, во рамки на спортскиот центар „Иван Илиев“, како и во Инџиково кај спортскиот терен на вештачка трева.

– Со реализацијата на овој проект овозможуваме услови за спортување и рекреација на граѓаните – нагласи Стефковски.