EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Американскиот кошаркар Џејсон Тејтум не беше во преден план на Олимпијадата.

Причината е што Стив Кер повеќе им веруваше на некои други играчи отколку на него. Инаку, тој сезонава ја освои титулата со Бостон.

  • Тешко е да се слушаат луѓето како зборуваат за вас на телевизија, сите тие работи што ги кажуваат на Твитер… Секогаш го сакате најдоброто. Сакате да играте најдобро секоја вечер, но едноставно не функционира така – истакна Тејтум.

Инаку, тој имаше просек од 5,3 поени и 5,3 скока на натпревар, како и 1,3 асистенции.